Закажани рочишта и за „Дива Населба“ и „Транспортер“ | Правдико

Правдико

   

Закажани рочишта и за „Дива Населба“ и „Транспортер“

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Продолжение на судското рочиште за случајот „Дива Населба“, како и почеток на судскиот процес за „Транспортер“ се закажани за денеска во скопскиот Кривичен суд.

На рочиштето за „Дива Населба“ завршни зборови треба да дадат последните обвинети и нивните адвокати. Во овој случај на 37 обвинети им се суди за тероризам и терористичка организација.

На 9 и на 10 мај 2015 година, во кумановската Дива населба вооружена група се судри со безбедносните сили. Во престрелката загинаа осум полицајци од специјалните и од посебните единици на МВР, додека четириесетина беа тешко повредени. Убиени беа и десет лица од вооружената група.

Во случајот „Транспортер“ се осомничени битолскиот градоначалник Владимир Талески и уште 20-тина лица за злоупотреба на службената положба во врска со организирањето превоз на ученици во Битола, со што е направена проневера на околу 360.000 евра.

Извор:Нова Македонија

Препорачуваме

Партнери на Правдико