Закажано првото рочиште за „Рекет“
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Првото рочиште за предметот „Рекет“, во кој се обвинети Бојан Јовановски – Боки 13, поранешната специјална обвинителка, Катица Јанева, и Зоран Милевски – Кичеец е закажано за 3 декември во 10 часот.
Од Кривичниот суд информираат дека во согласност со АКМИС-електронскиот систем, предметот КОК бр. 116/19 против Б. Ј., К. Ј. и З. М. е распределен кај судечкиот совет со кој претседава судијата Васка Николовска-Масевска.
Судот пред неколку дена им ги отфрли сите приговори на Јовановски, Катица Јанева и на Зоран Милевски и во целост го одобри обвинението.
Обвинителството за организиран криминал и корупција го отвори случајот „Рекет“ во јули годинава против Бојан Јовановски – Боки 13 и Зоран Милевски – Кичеец за потоа истрагата да се прошири и кон специјалната обвинителка Катица Јанева. Јовановски и Јанева се во притвор во Затворот „Скопје“, а Зоран Милески – Кичеец со одлука на судот беше префрлен во домашен притвор.
Извор: Макфакс