Закажано судење за „Пуч“, Катица Јанева ќе се појави во суд | Правдико

Правдико

   

Закажано судење за „Пуч“, Катица Јанева ќе се појави во суд

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

imageДенес (петок) треба да почне судскиот процес за случајот „Пуч“ во којшто е обвинет лидерот на СДСМ, Зоран Заев. Судењето е закажано за во 10 часот, но почетокот е неизвесен иако од Специјалното јавно обвинителство најавија дека во судот ќе се појави обвинителката Катица Јанева.

Предметот „Пуч“ го отвори Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, а Специјалното јавно обвинителство го презеде овој случај бидејќи е поврзан со незаконското прислушување.

Лидерот на СДСМ е четвртообвинет во овој случај. Првообвинет е Зоран Верушевски, обвинети се и неговата сопруга Соња Верушевска, Ѓорѓи Лазаревски вработен во МВР и Бранко Палифров, функционер од Општина Струмица.

По објавувањето на `бомбите` од страна на опозицијата, прислушувани разговори на високи функционери, тие беа обвинети за „шпионажа“ и „насилство спрема државни функционери“.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико