Заклучок на Врховниот суд за надлежноста за одлучување за враќање на одземените ствари, предмет на прекршок | Правдико

Правдико

   

Заклучок на Врховниот суд за надлежноста за одлучување за враќање на одземените ствари, предмет на прекршок

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

law-school1Врховниот суд на РМ објави Заклучок за надлежноста за одлучување за враќање на одземените ствари, предмет на прекршок.

Заклучокот Ви го пренесуваме интегрално: 

Надлежност за одлучување, враќање на одземени ствари, предмет на прекршок

Општата седница на Врховниот суд на Република Македонија одржана на 14.12.2015 година, расправаше по правното прашање:

„Дали во случаите кога се исполнети условите за враќање на одземените предмети, таквата одлука треба да ја донесе судот или прекршочниот орган“.

По дискусијата едногласно го усвои следниот:

З   А  К  Л  У  Ч  О  К

За враќање на одземените ствари, предмет на прекшокот, надлежен за одлучување е судот односно прекршочниот орган пред кој се води постапката.

О б р а з л о ж е н и е

Општата седница на Врховниот суд на Република Македонија расправаше по поставеното правно прашање и врз основа на дискусијата и изнесените мислења едногласно го донесе горенаведениот заклучок. По детална анализа на правното прашање се утврди дека надлежноста за одлучување за враќање на одземените ствари, предмет на прекршокот, зависи од тоа каде се наоѓаат списите на предметот и кој мериторно одлучува по истите. Доколку списите на предметот се наоѓаат пред прекршочниот орган, тогаш тој орган ќе одлучи и за враќање на одземените ствари, предмет на прекршокот. Доколку списите на предметот се наоѓаат пред Управниот суд или Вишиот управен суд и истиот одлучува мериторно, тогаш тој суд ќе одлучи за  враќање на одземените ствари, предмет на прекршокот. Доколку пак судот пропуштил да одлучи за враќање на одземените ствари, предмет на прекршокот, тоа ќе го стори со дополнителна одлука (член 7-а од Законот за управни спорови, а во врска со член 328 од Законот за парнична постапка).

Извор: Адвокатска комора на РМ

Препорачуваме

Партнери на Правдико