Заклучоци од седницата на Советот за безбедност на Република Македонија, одржана на 10 мај 2015 година
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.На ден 10.05.2015 година во простории на кабинет на Претседателот се одржа седница на Советот за безбедност на Република Македонија.
Согласно член 12 од деловникот за работа на Советот за безбедност оваа седница е свикана без претходно доставување покана, предлог на дневниот ред и материјал за седница.
Согласно член 15 од од деловникот за работа на Советот за безбедност на оваа седница на Советот поканети се да учествуваат и лидерите на политичките партии кои можат да придонесат за сестрано и квалитетно разгледување за прашањата кои ќе се разгледуваат.
Седницата расправаше за актуелната безбедносна состојба во Македонија и активностите на Министерството за Внатрешни Работи во Липковско – Кумановскиот регион.
Советот донесе заклучоци.
Заклучоците за кои може да ја информира јавноста се:
1. Министерството за внатрешни работи да изработи писмена информација за безбедносната состојба во Република Македонија и да ја достави до Советот за безбедност
2. Министерството за внатрешни работи да продолжи во континуитет да врши информирање на јавноста за безбедносните настани во Република Македонија
3. Министерството за надворешни работи да изработи акт за информирање кон меѓународните организации и странски држави за актуелната безбедносна состојба и настаните во Гошинце на 21.04.2015 и Куманово и Липково на 09.05/10.05.2015 година
4. Сите надлежни институции од областа на безбедноста и одбраната да превземат мерки во рамките на нивните законски надлежности
5. Да се интензивира регионалната и меѓународната соработка за спротивставување и заштита од тероризам со цел во иднина да се превенираат насилни акти во Република Македонија.
Извор: Претседател на РМ