Закон за административни службеници и Закон за вработените во јавниот сектор – НОВИ Предлог закони | Правдико

Правдико

   

Закон за административни службеници и Закон за вработените во јавниот сектор – НОВИ Предлог закони

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

administracijaЗакон за вработените во јавниот сектор

Прашањата кои се однесуваат на вработените во јавниот сектор досега не беа системски регулирани, што во пракса создаваше огромен број на проблеми и тоа во однос на целокупниот статус на овие лица, почнувајќи од начелата, правата и должностите, класификацијата, евиденцијата и многу други прашања по однос на вработените во јавниот сектор. Иако се работи за хетерогена група на вработени, сепак како неопходна се покажа потребата сите вработени во јавниот сектор да бидат опфатени со една општа законска рамка која ќе ги утврди минималните стандарди во однос на статусот на овие лица.

Причина за донесување на  законот е потребата системски да се регулираат во еден закон, прашањата кои се однесуваат на вработените на јавниот сектор, почнувајќи од начелата, правата и должностите, класификацијата, евиденцијата и многу други прашања, кои се заеднички за сите вработени во јавниот сектор.

Целта на предлог законот е системски да се регулираат во еден закон, прашањата кои се однесуваат на вработените на јавниот сектор, почнувајќи од начелата, правата и должностите, класификацијата, евиденцијата и многу други прашања, кои се заеднички за сите вработени во јавниот сектор.

Закон за административни службеници

Прашањата кои се однесуваат на административните службеници во Република Македонија во моментот се уредени со два закони и тоа со Закон за државните службеници и Законот за јавните службеници.

Во досегашната примена на овие два закони излегоа на површина определени проблеми. Имено без да се има во предвид административниот карактер на работата на вработените во јавниот сектор, беше направена поделба на вработените во јавниот сектор кои вршат административни работи на јавни и државни службеници. Огромен број на службени лица кои вршат административни работи беа изземени од овие закони, со што се овозможуваше огромна разноликост во регулирањето на статусот на службениците, без да се има во предвид какрактерот на нивната работа.

Целта на предлог законот е да се воспостави целосен и сихнронизиран систем на администрација базиран на знаење односно воведување на целосно нов модерен пристап кон управувањето со човечките ресурси, со елементи на корпоративно управување, согласно со најдобрите светски практики за управување базирано на компетенции преку уредување на статусот, класификацијата, вработувањето, унапредувањето, стручното усовршување и оспособувањето, мерењето на учинокот и други прашања во врска со работниот однос на административните службеници.

Предлог Законот за административни службеници ПРЕВЗЕМИ

Предлог Закон за вработените во јавниот сектор ПРЕВЗЕМИ

Препорачуваме

Партнери на Правдико