Закони за отпис на долгови и намалување на ДДВ на гласање во Собранието
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Со 70 гласа за, ниту еден против, без опозиција, но и без дебата како се трошеле народните пари од буџетот за минатата година, владеачкото мнозинство ја усвои завршната сметка за буџетската 2013 година.
Единствените опозициски пратеници кои ги прифатија мандатите не се јавија за збор по клучните економски закони. Роза Топозувска Каровска, кратко време по отворањето на расправата, ја напушти салата, а пратеничката Љубица Буралива, го најавила отсуството. Изостана дебата и од албанската опозиција.
„При донесувањето на буџетот за 2013 година слушнавме еден тежок вокабулар од опозицијата, многу политички квалификациии и апокалиптични сценарија за тоа дека со таков буџет ќе ја потонеме Македонија, ќе доживееме грчко сценарио, економијата ќе колабира, пензионерите нема да добиваат пензии, а субвенциите за земјоделците повторно ќе бидат намалени. Економијата во 2013 година, не само што не доживеа колапс, туку со тој буџет што го поддржаа пратениците од парламентарното мнозинство се остварија исклучително добри резултати“ изјави Зоран Ставрески, министерот за финасии.
„Доколку беше опозицијата присутна ќе се развиеше поквалитена дисускија“ рече Владанка Авировиќ.
Мнозинството ги изгласа економските закони за намалување на ДДВ на 5% за некои производи и отпис на долгови за ранливите категории на граѓани. Изостанаа маратонските дебати, а собранискиот спикер не можеше да обезбеди кворум за усвојување на законите .
Пакетот на економски закони се однесуваат на повеќе области, меѓу кои: девизно работење, супервизија на осигурувањето и градежништвото.
Извор: 24Вести