Законите од договорот во Пржино влегуваат во собраниска процедура | Правдико

Правдико

   

Законите од договорот во Пржино влегуваат во собраниска процедура

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Во собраниска процедура денеска влегуваат Законите од договорот во Пржино за кои политичките партии постигнаа согласност: Законот за заштита на приватноста, за Влада, за заштита на дојавувачите, измените на Изборниот законик, одлуката за формирање анкетна комисија за скандалот со прислушуваните разговори.

sobranie

Договорено е на координација законите да бидат потпишани од сите пратенички групи и да се договори во каква постапка ќе бидат гласани.

Најверојатно сите ќе одат по скратена постапка, што би значело дека може да се очекува уште денеска да почне расправата.

Први на гласање ќе бидат ставени измените на Законот за влада за што е можно поскоро да бидат избрани новите министри и заменици-министри и не подоцна од петок да ги преземат своите функции.

Извор: 24Вести

Препорачуваме

Партнери на Правдико