Правдико

   

Законите за судови и за Судски совет на владина седница

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Владата денеска ќе ја одржи својата редовна 57. седница. На седницата ќе се најде предлог- законот за изменување и дополнување на Законот за судовите, како и предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за Судски совет. На денешната седница на дневен ред е и информацијата до Владата за работната дефиниција за антисемитизмот усвоена од страна на Меѓународната алијанса за сеќавање на холокаустот (ИХРА).

Секретаријатот за европски прашања на денешната седница на Владата ќе ја презентира информацијата за потпишување меморандум за разбирање помеѓу Владата и Министерството за надворешни работи на Кралството Норвешка за билатерална проектна соработка, како и информацијата за потпишувањеа два договора: Договор помеѓу Република Македонија и Шведска, претставувана од шведската Агенција за развој и соработка СИДА и Договорот помеѓу двете земји за општите услови на развојната соработка.

Министрите во Владата денеска ќе ја разгледаат и информацијата со предлог-одлуката за формирање  Управен одбор на проектот „Самовработување со кредитирање“ и проектот „Кредитирање на правни субјекти“ (микро и мали претпријатија) за отворање нови работни места, на предлог на Агенцијата за вработување.

На дневниот ред на седницата денеска ќе се најде и Информацијата за реализација на проектот „Изградба на пречистителна станица за отпадни води и рехабилитација и проширување на канализациската  мрежа во општина Битола“, како и информациите за прогресот на активности во реализацијата на Акцискиот план за проектот „Рехабилитација и реконструкција на автопатите, експресните и регионалните патни делници во земјава“.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико