Законот за финансиска поддршка на инвестиции поставен на ЕНЕР | Правдико

Правдико

   

Законот за финансиска поддршка на инвестиции поставен на ЕНЕР

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Законот за финансиска поддршка на инвестиции, со кој ќе се применуваат мерките од владиниот план за економски пораст, е поставен на Единствениот национален електронски регистар на прописи (ЕНЕР).

– Со законот се регулира финансиската поддршка на инвестициите во државата, врз основа на начелата на транспарентност, еднаков третман и јавност – се наведува во описот на законот.

Целта на законот е поттикнување на економскиот пораст и развој во Република Македонија преку поддршка на инвестициите за зголемување на конкурентноста на македонската економија и вработувањето.

На веб-страницата на ЕНЕР е наведено дека предлог-законот треба да биде подготвен до 1 март.

Според вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев, за законот во кој се формулирани мерките од планот за економски пораст до крајот на следниот месец треба да заврши и собраниската процедура, по што ќе биде имплементиран.

– Роковите ќе бидат запазени и тоа ќе биде компатибилно со поднесување на завршните сметки на компаниите, кои треба да бидат поднесени до крајот на месецов. Потоа сите компании во земјава ќе можат да партиципираат за државна помош врз база на завршната сметка за 2017 година – изјави неодамна Анѓушев.

Законот, појасни тој, се носи за да нема потреба со секоја компанија поединечно да се потпишува договор како што беше досега.

– Со него ќе биде одредено точно што треба да добие секоја компанија. На тој начин компаниите ќе имаат предвидлива ситуација и нема да зависат од волјата и субјективната желба на никого и однапред ќе можат да имаат проекција за своите инвестиции и како ќе бидат помогнати од државата – посочи Анѓушев.

За да не се спречи функционирањето на компаниите и нивното инвестирање во ТИРЗ сѐ додека не се донесе законот, нагласи вицепремиерот, и понатаму поединечно со сите компании ќе се потпишуваат договори во согласност со одлука на Владата, но не со дискрециски права, туку по истите мерки што се предвидени во економскиот план.

Таков е и договорот што е потпишан со турската компанија „Чагатај кабло“, која инвестира во ТИРЗ Скопје 1, додаде Анѓушев.
При презентацијата на планот за економски пораст Владата најави дека со него се нудат исти, транспарентни услови за домашните и странските инвеститори.

Извор: Нова Макдонија

Препорачуваме

Партнери на Правдико