Правдико

   

Законот за јавнообвинителска служба на Специјалното обвинителство поднесен во Собранието

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

12295468_650515081718712_4370433373939205690_nВо Собранието на Република Македонија од група пратеници  предложен е Законот за јавнообвинителска служба во Специјалното обвинителство по скратена постапка. Донесувањето на Законот за Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите (Службен весник на Република Македонија број 159/15) ја наметна потребата од донесување на нов закон со кој ќе бидат уредени правата, должностите, одговорностите, платата и додатоците на плата на лицата вработени во јавнообвинителската служба на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите.

Ова од причина што неопходна е законска регулатива која ќе овозможи реализација на одредбите од член 9 став 8, член 13 став 1, член 14 став 4, член 15 и член 16 од Законот за јавно обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, преку доследно почитување на принципот на автономија на ова Јавно обвинителство. Постоечката законска регулатива (Законот за јавнообвинителска служба), предвидува постапки за вработување на лица, кои не се во согласност со Законот за Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите (Службен весник на Република Македонија број 159/15).

Имено, со Законот за јавнообвинителска служба предвидено е дека Јавниот обвинител на Република Македонија донесува годишен план за вработувања на јавнообвинителските службеници за следната календарска година, а барањето за пополнување на работно место се доставува до Јавниот обвинител на Република Македонија, кој одлучува за основаноста на барањето, по претходно прибавено мислење за одобрени финансиски средства од Министерството за финансии. Воедно согласно овој Закон, решенијата за вработување ги донесува Јавниот обвинител на Република Македонија, а самиот закон не предвидува правен основ за вработување на лица во ова Јавно обвинителство, бидејќи истото е основано после донесување на Законот.

Во оваа насока, имајќи ги предвид цитираните законски одредби од Законот за јавно обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, принципот на автономија на ова Јавно обвинителство, специфичните надлежности и дејствијата кои е овластено да ги извршува, фактот што истото за првпат се воспоставува во Република Македонија, како и фактот дека ова Јавно обвинителство ги вклучува и истражителите, експертите, стручната и административната служба, имајќи го предвид и специфичниот карактер на работите и работните задачи кои ги извршуваат вработените, се наметна потребата од донесување на нов Закон, во кој ќе бидат регулирани сите прашања кои во постоечкиот закон за спорни, а ќе се предвиди субсидиерна примена на постоечкиот Закон, за сите прашања за кои постои таква можност.

Предлог законот можете да го превземете ТУКА

Партнери на Правдико