Законот за јазици е неуставен и репресивен, вели Иванов | Правдико

Правдико

   

Законот за јазици е неуставен и репресивен, вели Иванов

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Законот за јазици е неуставен и репресивен, порача денеска претседателот Ѓорге Иванов во годишното обраќање во Собранието.

„Со овој закон заради краткорочни политички поени се доведуваат во прашање трајните интереси на Македонија и македонскиот народ. Барањето за двојазичност е апсолвирано со амандман 5 од Уставот, кој произлезе од Рамковниот договор, каде што се регулира прашањето за службениот јазик во Република Македонија. За еден предлог-закон да има европско знаменце неопходно е да постои европска директива, која налага усогласување на македонското законодавство со тоа на Унијата. Таква директива не постои и со овој закон ќе станеме можеби единствена европска држава која сама си поставува услови за членство во ЕУ, што никој не го бара“, рече Иванов.

Според претседателот, нема прецизна терминологија што е официјален јазик, а што е службен јазик. „Законот е репресивен, оние кои тврдат дека овој закон е во согласот со Уставот и законите ќе ги прашам со чиј устав и со чии закони? По консултации со експерти, можам да кажам дека Законот за јазиците не е закана по македонскиот јазик, туку по унитарноста на државата. Овој закон го крши најголемиот закон на државата – а тоа е Уставот на Република Македонија“, дециден е претседателот.

Г.Н.Р.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико