Законот за јазиците не помина на Влада, ќе има дополнителни координации
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Предлог-законот за употреба на јазиците ќе треба да се доработи и да се направат дополнителни координации за начинот на спроведување на законот.
По првичната дискусија на синоќешната седница на Владата, утврдиле дека е потребна понатамошна координација со цел, како што велат, да се постигне усогласување за начинот на имплементација на законското решение за употреба на јазиците, односно да се доутврдат надлежностите што би произлегле од законот, во однос на двата органа кои ќе треба да се оформат: агенција за примена на јазиците, како и инспекторат за употреба на јазици.
Предлог-законот за употреба на јазиците, по утврдување на наведеното, ќе биде ставен повторно на дневен ред на некоја од наредните владини седници.
Извор: Макфакс