Правдико

   

Законот за патни исправи на државјаните на Македонија премина во втора фаза

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Собранието на Република Македонија  на денешната седница донесе заклучок за прифатливост на предлогот за изменување и дополнување на Законот за патните исправи на државјаните на Република Македонија и негово проследување во натамошна, втора фаза.

sobranie3

Пратениците од ДУИ гласаа воздражано. Талат Џафери  рече дека тоа е поради дилеми во некои членови од законот и дека за втората фаза од донесувањето на законот бара усогласување на ставовите. Во суштина, рече тој, ги поддржуваат измените но не се согласува со некои одредби, како оние што се во врска со санкционирање за загубен или оштетен пасош и за патни исправи на деца родени во странство.

Според Роза Топузовска-Каревска недоволно дефинирани  се и одредбите за патна исправа за децата на иселениците и за тие што се однесуваат на казните за оштетување или губење пасоши и начинот на докажувањето дали тоа било со или без намера.

Една од измените во овој закон  е и можноста граѓаните да можат да поднесат барање за патна исправа и да го земат документот не само во местото на живеалиште, туку и во место каде престојуваат, а тоа да може да се прави и надвор од службените простории на МВР, а за иселениците надвор од дипломатско-конзуларните претставништва. Како што кажа министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулосла ќе нема разлика во процедурата . Според неа целта на законот е подобрување на услугите за граѓаните.

За грижливо чување на патните исправи, се воведуваат санкции за секое натамошно губење или оштетување. Сопственикот е одговорен ако се докаже дека уништувањето е со умисла.

Извор: Мета.мк

Партнери на Правдико