Законот за СЈО не може да стигне на седница на Владата поради блокадата на ДУИ
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.СЈО да биде надлежно за истрагите отворени по рокот од 30 јуни 2017 година. Ова е предвидено во преодните и завршни одредби на преработениот закон за специјалното јавно обвинителство на Министерството за правда, кој, поради неусогласенота од ДУИ, требало, но не бил разгледуван на синоќешната владина седница, дознава „Макфакс“.
Оваа најнова законска верзија пред неколку недели поминала и под лупата на меѓународни експерти кои дале согласност за законските одредби за статусот на СЈО. Предлог-законот предвидува СЈО да биде автономно, но хиерархиски подредено под државното Јавно обвинителство и да се застапува самото во прв и втор степен пред судовите, а во трет степен пред Врховниот суд тоа да го прави обвинител од ЈОРМ.
Нацрт-законот предвидува предметите што се во фаза на судење, обвиненијата и истрагите отворени по 30 јуни 2017 година, да ги застапува СЈО пред судовите. Мандатот на шефот на СЈО и на обвинителите ќе биде идентичен како и во Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција. Предистражните постапки што ги почнало СЈО може да ги преземе и Обвинитеслтвото за гонење организиран криминал и корупција во согласност со надлежноста.
Мандатот на сегашните обвинители во СЈО би бил најмалку една и најмногу до 2 години. По една третина од обвинителите ќе бидат избирани етапно на една година, на една им пол година и на две години, а изборот ќе го прави Советот на јавните обвинители.
Сите желби на СЈО во поглед на тоа што за што да биде надлежно во законот што самите го подготвија не се усвоени. Освен за бомбите, СЈО би било надлежно за кривичното дело попречување на правдата, за дела против изборите и гласањето, за кривични дела што ги сториле функционери преку злоупотреба на службената положба и овластувањето и сл.
Законот, меѓу другото, пропишува прислушуваните материјали да се користат заклучно со 15 септември 2020 година, а бомбите да се уништат една година по правосилната судска пресуда.
Според нашите сознанија, од коалицискиот партнер во власта, ДУИ, засега нема повратна инфромација дали ќе дадат согласност да помине овој закон на владина седница, иако повеќе од една недела текстот на предлог-законот е утврден и им е доставен.
За да помине предлог-законот треба „за“ да гласаат 80 пратеници, кои власта тешко дека ќе може да ги обезбеди. Една од причините поради кои ДУИ се колеба да го поддржи новиот закон за специјалното јавно обвинителство е фактот дека за лидерот на ДУИ, Али Ахмети, е отворена истрага со кодно име „Попис“, како и за вицепремиерот Бујар Османи, истрагата „Пациент“. Неофицијално, дел од осумте пратеници би дале согласност за овој предлог-закон, но тоа не би било доволно без поддршка на сите осуммина.
Координаторот на ДУИ, Артан Груби, за „Макфакс“ рече дека ДУИ ја поддржува работата на СЈО. „Ги усогласуваме ставовите во рамките на коалицијата, но и со сите други парламентарни партии“, рече Груби. Тој вели дека предлогот имал неуставни одредби во однос на хиерархијата на СЈО, а потсети и на начелното правно мислење на Врховниот суд, кој пресече дека по рокот од 18 месеци, ова обвинителство не може да отвора истраги и да поведува обвиненија.
Извор: Макфакс