Законот за заштита на културното наследство на владина седница | Правдико

Правдико

   

Законот за заштита на културното наследство на владина седница

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Владата денеска ќе ја одржи својата редовна 41. седница со повеќе точки на дневниот ред од интерес на граѓаните на Република Македонија. По предлог на Управата за хидрометереолошки работи,  Владата ќе ја разгледа информацијата за потребата од финансиски средства за санација на метеоролошките станици во Демир Капија, Штип и Крива Паланка и поправка на радарскиот систем во Ѓуриште.

Министрите денеска ќе ја разгледаат и одлуката за утврдување на цената на годишната претплата на службеното гласило „Службен весник“ и за годишната претплата на Регистарот на прописи за 2018 со предлог-одлука за давање согласност. Пред министрите денеска ќе се најде и информацијата за разгледување проекти што не се поврзани со основната дејност на АД ЕЛЕМ по предлог на ова претпријатие во доминанта државна сопственост.

На оваа 41. седница ќе се разгледа и информацијата за реконструкицјата на пругата Куманово – Бељаковце, Железнички коридор 8. Министерството за економија како точки на дневен ред на денешната седница ги предложи информацијата за изменување на Законот за трговијата во согласност со иницијативата на посетените компании во рамките на проектот „Учиме од бизнис-заедницата“, информацијата во врска со одржување на петнаесеттиот состанок на министерскиот совет на Енергетската заедница на 14 декември 2017 година во Приштина, Косово.

По предлог на МНР денеска ќе се одлучува за усвојување на предлог-законот за ратификација на конвенцијата на Советот на Европа за спречување и борба против насилството врз жените и домашното насилство и предлог-текстот на годишната национална програма на Република Македонија за членство во НАТО за 2017-2018 година во рамките на 18. циклус на акциониот план за членство.

Министрите ќе ја разгледаат и информацијата за превентивни прегледи на социјално ранливи категории граѓани. По предлог на Министерството за култура, Владата денеска ќе го разгледа предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за заштита на културното наследство.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико