Правдико

   

Законска регулатива на положбата на децата жртви и сведоци на кривични дела во РМ

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

child-compressed-for-web-380x190Во РМ во последните години се посветува сериозно внимание на експлоатацијата и ранливоста на децата на сите форми на злоупотреба, вклучувајќи детска порнографија, детска проституција, трговија со деца и ропство, сексуална експлоатација, злоупотреба и запоставување.

Во исполнувањето на своите меѓународни обврски, РМ усвои Закон за малолетничка правда, Закон за заштита на децата, Закон за заштита на сведоци, внесе измени во Законот за кривичната постапка, а во постапка е донесување нов Закон за правда на децата. Исто така, системот на кривичната правда предвидува процесни гаранции за децата, употреба на заштитни мерки и сл., а во исто време се обезбедува правото на фер судење на обвинетиот. Имено, постапките што се водат за кривични дела во кои како странки се јавуваат деца се разликуваат од вообичаениот тек на кривичната постапка предвидена за полнолетните граѓани.

Во 2007 година беше усвоен Законот за малолетничка правда (ЗМП) кој претрпи неколку измени и дополнувања со цел заштита на децата од виктимизација и криминализација. Целите на ЗМП се: остварување на приоритетен интерес и заштита на малолетниците од криминал, насилство и на кој било облик на загрозување на нивните слободи и права и правилен развој; помош и грижа за малолетниците и заштита во постапката пред судот и на нивните слободи и права загарантирани со Уставот на РМ, Конвенцијата за правата на детето и другите меѓународни договори за положбата на малолетниците во системот на правда. Во ЗМП се предвидени бројни процесни гаранции што се однесуваат на заштита на децата како жртви и сведоци во кривичната постапка.

Во јуни 2012 година Министерството за правда достави Предлог Закон за правда за децата (ПЗПД) во кој е предвидена засилена заштита на деца жртви и сведоци на кривични дела. Предвидени се нови одредби за заштита на децата жртви и сведоци, преку вградување на посебни процесни права.
Процесни гаранции за правата на детето-жртва и сведок во кривична постапка се предвидени со Законот за кривичната постапка (ЗКП).
Исто така, положбата на децата – жртви и/или сведоци се гарантираат и со Законот за заштита на сведоци (ЗЗС).

Во 2013 година е донесен Закон за заштита на децата (ЗЗД). Од аспект на заштитата на децата жртви е предвидено дека за подобро физичко и психичко закрепнување, рехабилитација, ресоцијализација и социјална реинтеграција на детето кое е жртва на некој облик на занемарување, експлоатација, злоупотреба, мачење,трговија или друг облик на свирепо постапување.

Законот за бесплатна правна помош332 во членот 8 предвидува дека барањето за правна помош ќе се одобри во сите судски постапки, доколку со него се решава прашање од интерес за барателот на правната помош, како што е и заштитата на децата жртви.
За одбележување е и Извештајот за напредокот на РМ на Европската комисија од 2012, во кој е наведено: постигнат е ограничен напредок во областа на правата на децата. Измените и дополнувањата на Законот за малолетничка правда обезбедуваат поголеми права и подобра заштита на децата жртви и воведени се посебни мерки за заштита за деца сведоци. Професионалците вклучени во процесот на малолетничка правда имале корист од сеопфатна обука. Релевантните институции остануваат без доволно средства и без доволно кадар во однос на администрирањето на малолетничката правда. Постои потреба од зајакнување на раководењето и координација на процесот на реформи.

Бесплатна правна помош не е обезбедена за малолетници. Програмата за компензација на малолетни жртви не е операционална. Бројот на специјализиран персонал како психолози и социјални работници останува недоволен. Превенција, заштита, и грижа сеуште немаат доволно финансиски и човечки ресурси особено во однос на децата жртви на семејно насилство, сексуална злоупотреба или трговија со луѓе.

Извор: Институт за европска политика (ЕПИ) Скопје ,Збирката на документи за јавна политика

Партнери на Правдико