Законски измени во договарањето на откуп за земјоделските производи | Правдико

Правдико

   

Законски измени во договарањето на откуп за земјоделските производи

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

zelki_tovareni_0Со Законот за земјоделство и рурален развоје поставена правна рамка во која треба да се однесуваат субјектите на пазарот при откупот на земјоделските производи. Од досегашната имлементација на законот се увиде потреба од доуредување на оваа област во насока на спречување на монополската положба и монополското однесување на пазарот и обезбедување на еднаква правна положба на сите субјекти на пазарот а се со цел остварување на целите на законот,а особено заради обезбедување на стабилно ниво на доход на земјоделското стопанство.

Во суштина целта на дополнувањето е да се избегне менувањето на откупните цени, истакнати десет дена пред почеток на откупот на земјоделските производи, неколку пати дневно или секој ден во текот на откупот. Истовремено се дополнува обврската на откупувачите и производителите за договарањето на цените на откупното место да предвидат договорни цени кои се истакнуваат на секој седми ден или по повисоки цени имајќи во предвид дека договорената цена е минимална откупна цена по земјоделски производ односно класа.

Со членот 1 од Законот се предлага дополнување на одредбата за договорените цени кои се истакнати десет дена пред почетокот на откуп на земјоделските производи во иднина по започнување на откупот, откупувачот да има обврска да ги истакнува минималните цени по земјоделски производ според откупни класи по кои ќе врши откуп наредните седум дена без да ги менува а не како што е сега да се менуваат неколку пати во текот на денот.Со ставот 2 од член 1 од предложената измена, се предвидува одредба за дополнување на писмениот договор склучен на откупното место со одредба за цени истакнати согласно новата дополна или по повисоки цени.

Со членот 2 се предлага дополнување на одредбата од постоечкиот член 40 став (2) со која висината на интервентната цена на пченицата во рамките на просечните производни трошоци за производство на килограм пченица за дадената производна сезона можат да бидат зголемени најмногу до 25%.

Со предлогот на членот 4 се врши скратување на постапката за избор на понудите за интервентен откуп заради нејзино побрзо и полесно реализирање а се дава право по однос на решението за неприфаќање на понудата да може да се поведе управен спор.

Предлог измените можете да ги превземете ТУКА

Препорачуваме

Партнери на Правдико