Правдико

   

Законски измени за статусните прашања на професионалните војници после навршување на 45 години возраст

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Со Законот за служба во Армијата на Република Македонија се уредуваат статусот, правата, обврските, должностите и одговорностите на персоналот на служба во Армијата на Република Македонија, како и системот на плати и надоместоци на плати и други прашања во врска со службата во Армијата, а особено и засновање на работен однос како за активниот, така и за цивилниот персонал на служба во Армијата на Република Македонија.

Со членот 1 се предлага дополнување на членот 38 со нов став со кој се предвидува можноста професионален војник на кого службата во Армијата му престанува поради навршување на 45 години возраст, да може да се прими на служба во Армијата на Република Македоднија како цивилен персонал без објавување на јавен оглас, доколку ги исполнува посебните услови утврдени во актот за формација на Армијата.

Со членот 2 се предлага дополнување на законот со нов член 40-в со кој се предвидува можноста, лицата кои имаат посебни специјалности од особено значење за Армијата, а работат во друг орган на државната власт, јавно претпријатие, установа или служба, како специфичен дефицитарен кадар квалификуван, односно оспособен за потребите на Армијата на Република Македонија, да може да засноваат работен однос на неопределено време со Министерството за одбрана без објавување на јавен оглас, со спогодба за преземање, како и можноста дел од нив да се распоредат на формациските места согласно актите за формацијата на Армијата, во ист чин и звање, согласно стекнатата посебна специјалност.

Со овие измени се врши решавање на статусни прашања на дел од професионалните војници на кои службата во Армијата на Република Македонија им престанува по навршување на 45 години возраст, со засновање на работен однос како цивилен персонал на служба во Армијата на Република Македонија, без објавување на јавен оглас. Истото се однесува и за персоналот со посебни специјалности од значење за Армијата, кој ќе се преземе во Министерството за одбрана со спогодба на формациски места согласно актите за формација на Армијата, во чин и звање со кои се стекнале пред преземањето во друг орган на државната власт, а согласно стекнатата посебна специјалност.

Предлог измените можете да ги погледнете ТУКА

Партнери на Правдико