Правдико

   

Законски ограничувања при патување во Албанија

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

При ваш премин или престој во Албанија за вас важат албанските закони кои сте обврзани да ги почитувате. Следат правилата и законите што треба да ги почитувате при посета на Албанија:

Logo_AlbanianTourism

Транспорт

За влез во Албанија не е потребна виза. Oд 06.04.2012 со Спогодба помеѓу нашата држава и Албанија се овозможува преминување на границата на државјаните на двете земји со биометриски лични карти. Доколку патувате за трета земја, при влез во Албанија користете биометриски пасош.

Доколку патувате со патничко возило во Албанија, потребен ви е зелен картон и дозвола за управување на туѓо возило во случај возилото да не е лична сопственост. Меѓународна возачка дозвола НЕ ви е потребна, но задолжително носете ја биметриската возачка дозвола.

Возењето низ Албанија може да биде опасно, обрнете посебно внимание како на патот така и на останатите учесници во сообраќајот. Локалниот стил на возење е често агресивен, споредните патишта се слабо одржувани, и осветлувањето на патиштата е несоодветно и често може да прекине заедно со прекин на електричната енергија.

Возење под влијание на алкохол е најстрого забрането. Дозволено ниво е 0.01 %.

Употребата на мобилен телефон додека возите е строго забрането, а казните се доста високи.

Во населени места има ограничување на брзината од 40 км на час. На автопат ограничувањето е 110 км на час. На останати патишта максимална дозволена брзина е 80/90 км на час.

Полицијата има превземено доста драстични мерки со цел да се намали бројот на сообраќајните несреќи. Почитувјте ги ограничувањата на брзината и правилата на патот, со цел да избегнете тешки парични казни и суспензија на вашата возачка дозвола.

Судир со законот

Туристите кои ги прекршуваат албанските закони, дури и несвесно, можат да бидат протерани, уапсени па дури и да завршат во затвор. Казните за поседување, користење и трговија на нелегални дроги во Албанија се доста строги и содржат долги затворски казни. Можете да бидете приведени за испрашување ако фотографирате воени објекти и други поважни објекти. Според албанските закони, полицијата може да ве задржи во станица и до 10 часа без да има конкретно обвинение.

Додека престојувате во Албанија имате обврска постојано во вас да носите исправа за идентификација.

Доколку имате проблем со некои криминални дејствија контактирајте ја полицијата на бројот 129. За медицинска помош телефонот е 127, додека за противпожарната единица бројот е 128. Задолжително пополнете извештај  во полиција доколку пријавувате криминал.

Царински ограничувања

При влез во Албанија постојат одредени ограничувања наствари кои можете да ги внесите во земјата.

За патници кои имаат над 18 години дозволено е:

  • 200 цигари или 250 грама тутун.
  • 1 литар на жесток пијалок над 22% алкохол
  • 2 литри вино
  • 50 мл. парфем

Строго забрането е внесување на:

  • Нелегална дрога
  • Оружја, експлозиви и амуниција
  • Месни производи
  • Домашни миленици (без дозвола)
  • Порнографски материјал
  • Ножеви и друго ладно оружје

–ПРАВДИКО–

Партнери на Правдико