Правдико

   

Законски ограничувања при патување во Египет

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Кога патувате за Египет подлежите на египетските закони кои мора да ги почитувате. За влез во Египет потребна е туристичка виза која обично се издава до максимум три месеци за единечно или повеќекратно патување.

senior-and-disable-travel-ability-egypt

Транспорт

Доколку планирате да користите сопствено возило во Египет, треба да бидете екстремно претпазливи поради лошите услови за возење посебно во деловите надвор од поголемите градови. Основни правила кои треба да ги знаете се:

– носете меѓународна возачка дозвола како и потребното осигурување за возилото;

– возењето под дејство на алкохол или дрога е строго забрането и ризикувате да бидете уапсени и казнети;

– бидете посебно внимателни на сообраќајните ограничувања особено за брзнината- казните се доста високи;

– носењето сигурносен појас е задолжително;

– постојано чувајте ги заклучени вратите како и багажот за да спречите можно ограбување при стопирање на семафори.

Доколку изнајмувате возило, не го давајте пасошот како гаранција дека ќе го вратите возилото. Доколку ви побараат да го копираат пасошот бидете доста внимателни. Проверете дали возилото го има потребното осигурување како  и  условите во случај на оштетување на возилото.

Египетската полиција и безбедносните служби можат без посебна причина да ве сопрат и да ве испрашуваат. Доколку не се идентификувате и не носите пасош, може да ве приведат и да ве испрашуваат во полициска станица.

egipet baner slika

Забрани за фотографирање

Постојат забрани за фотографирање на воени и полициски објекти, мостови, канали (вклучувајќи го и Суетскиот канал). Египетските власти можат да ги прошират овие ограничувања поради безбедносни причини за некои почуствителни градби како што се амбасадите или други објекти со меѓународно значење или некои религиски објекти. Исто така има строга забрана за фотографирање на униформирани лица. Доколку не ги почитувате овие забрани може да ви се одземе опремата и да ви се избришат сите фотографии.

Царински ограничувања

Постои лимит од 1.000 Египетски фунти кои можат да се внесат или изнесат од земјата. Не постои ограничување на странска валута која можете да да ја внесете или изнесете од Египет, а доколку сумата е над 10.000 долари треба да се пријави  при влегување во земјата.

Строго е забрането изнесување на антиквитети кои се постари од 100 години без потребна лиценца. Одредени електронски уреди како што се видео камера, лаптоп и слично, мора да бидат пријавени при влез во земјата. Сателитски телефони и слична радио опрема е забрането да се внесува во земјата без дозвола од Министерството за телекомуникации, во спротивно ќе бидат конфискувани. Пријавените електронски уреди при влезот  исто така треба да се пријават и при излез од земјата. Доколку не го сторите тоа можно е да се соочите со високи казни.

Туристите можат со нив да понесат 250 г. тутун или 50 пури, 2 литри алкохол како и предмети за лична употреба.

Користење алкохол

Она што треба да внимавате најмногу е пиењето алкохол на улица или други отворени места. Египетската влада дозолува пиење алкохол само во лиценцирани ресторани или барови. Пиењето алкохол надвор од баровите и рестораните е строго забрането.

Поважни броеви: Туристичка полиција 126, Брза помош 123, Полиција 122.

–ПРАВДИКО–

egipet baner slika

Партнери на Правдико