Правдико

   

Законски ограничувања при патување во Хрватска

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Доколку планирате да патувате во Хрватска, должните сте да ги почитувате законските ограничувања кои ги налага таа земја. Следуваат законски правила кои мора да ги знаете доколку патувате на оваа дестинација. За влез во Хрватска за македонските државјани не е потребна виза, но мора да имате зелен картон, меѓународна возачка дозвола како и дозвола за управување со туѓо возило, доколку возилото не гласи на Ваше име.

Dubrovnik-Croatia

Транспорт

Доколку патувате со сопствено возило, треба да знаете дека носењето на сигурносен појас е задолжително. Деца под 12 години не смеат да седат на совозачко седиште.

Употреба на мобилен телефон додека возите е строго забрането, освен ако телефонот е приклучен на hands-free уред -казните се движат и до 500 куни.

Употребата на средни светла денски е задолжително само во зимскиот период и тоа од последната недела на месец октомври па се до последната недела на месец март.

На автопат ограничувањето за автомобил и моторцикл е 130 км на час. На останати патишта ограниченоста е од 90-110 км на час.

hrvatska baner slika

Рент а кар

За да изнајмите возило како рент а кар, треба да имате најмалку 23 години како и важечка возачка дозвола.

Алкохол

Според законите во Хрватска, дозволената граница на алкохол во крвта е 0.5 промили, додека за професионалните возачи и возачи под 24 години толеранцијата е 0.0 промили. Казните за возење под дејство на алкохол достигнуваат и до 2000 евра.

Задолжителна опрема

Како задолжителна опрема која мора да ја поседувате во Вашето возило е:

– Прва помош

– ПП апарат  (за комерцијални возила)

– Рефлектирачки елек

– Триаголник

– Зимска опрема (Зимски гуми на сите 4 тркала или летни со синџири)

Царински ограничувања

При влез во Хрватска постојат одредени ограничувања на работи кои може да ги внесете во земјата. Туристите се ослободени од плаќање царина и данок при внесување на:

– Личен багаж, кој содржи предмети за лична употреба на патникот во текот на патувањето како што е облека и козметики, камера, и други електронски уреди како лаптоп, телофон итн.

– Предмети кои не се за комерцијална продажба ( со вредност до 1000 куни)

– 200 цигари или 50 пури, 1 литар алкохол, 2 литри ликер или вино, парфем до 50мл, 250мл тоалетна вода,

– Лекови или други медицински продукти кои се неопходни за патникот, поткрепен осо медицинска документација.

Патниците помлади од 17 години не подлежат на ослободување од плаќање такса и царина за алкохол и цигари.

Парични средства

Странски валути и чекови можат да се внесуваат и изнесуваат од земјата без некакви ограничувања, освен доколку сумата надминува над 10.000 евра должни сте да ја пријавите на царинските служби.

Културно наследство

Посебни колекции од културното наследство на Хрватска како што се склуптури, книги, артефакти и слично, можете да ги изнесувате од земјата само со посебна дозвола од надлежните органи.

Пасош

Пред да патувате во Хрватска проверете го рокот на Вашиот пасош кој треба да има валидност од најмалку 6 месеци. Доколку валидноста на пасошот е помала од 6 месеци, можно е да не ви дозволат да ја преминете границата.

–ПРАВДИКО–

hrvatska baner slika

Партнери на Правдико