Правдико

   

Законски ограничувања при патување во Шпанија

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Доколку планирате да го поминете летниот одмор во Шпанија, добро би било да се информирате за законските ограничувања во оваа земја, за да не се најдете во непријатна ситуација. Следуваат законски ограничувања и правила кои мора да ги почитувате доколку престојувате во Шпанија.

Spain Tourism Logo

Транспорт

За да возите во Шпанија треба да бидете над 18 години, а доколку сакате да изнајмите возило треба да имате најмалку 21 година. Некои компании кои издаваат возила можно е да бараат да имате возачка дозвола најмалку 2 години.

Ограничувања на пат:

– Зборувањето на мобилен телефон додека возите е строго забрането, освен ако користите hands-free уред;
– Радиото од автомобилот и мобилниот телефон мора да бидат исклучени додека полните гориво;
– Сигурносен елек е задолжителен да се носи кога излегувате од возилото на автопат;
– Сигурносен триаголник е задолжително да се поставува  доколку имате дефект на автомобилот на пат;
– Се препорачува светлата да бидат уклучени преку целиот ден;
– Дозволен лимит на алкохол во крвта е 0.5 промили;
– Сигурносниот појас е задолжителен за сите патници во возилото.

Законски правила за туристите

Во Шпанија секој под 18 години се смета за малолетник. Доколку малолетно лице е затекнато во некои незаконски активности, може да им се суди и да бидат одведени во центар за малолетници се додека не се пронајде родителот или старателот.

Додека престојувате во Шпанија на барање на полициски службеник морате да го покажете вашиот пасош. Полицијата може да ве задржи во полиција доколку е потребно дополнително утврдување на вашиот идентитет.

Строго забрането е поседувањето и на најмали количини на дрога. Доколку ве затекнат со поголеми количини може да се соочите со големи затворски казни.

Во некои градови конзумирањето на алкохол на улица е строго забрането и може да ви изречат прекршок на лице место. Има големи контроли за пиење алкохол по улиците и сексуални активности вклучувајќи ги и плажите. Во некои делови во Шпанија е забрането шетање по улици по бикини или шорцеви.

Кога ќе пристигните во некои од хотелите или апартманите во Шпанија, може да ви побараат да ги регистрираат сите податоци од вашиот пасош, доколку престојувате кај нив. Оставете копија од пасошот во хотелот, оргиналот земете го со вас.

Цариснки ограничувања

За земјите кои не се членки на Европската унија, во Шпанија како патник можете да ги внесете следниве работи:

– за патници кои имаат најмалку 17 години можат да внесат 200 цигари, 50 пури, 1 литар алкохол над 20%, 2 литри вино со помалку од 20% алкохол и 16 литри пиво.

– Лекови и други медицински препарати за лична употреба на патникот.

– 430 евра по патник и 150 евра за патници под 15 години.

–ПРАВДИКО–

Партнери на Правдико