Заложничка драма во Келн, затворена главната железничка станица
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Главната железничка станица во германскиот град Келн е затворена поради заложничка ситуација, соопшти полицијата.
Вооружен маж зел жена како заложник, а како што пренесува „Ројтерс“, повикувајќи се на германскиот весник „Фокус“, на станицата се слушнале истрели од огнено оружје. Нема информации за жртви или повредени.
Полициски кордон е поставен околу железничката станица. Испратено е и дополнителено полициско засилување. Откажани или одложени се линиите на станицата во Келн.
Извор: Макфакс