Заменик министерот за образование Петар Атанасов поднесе оставка | Правдико

Правдико

   

Заменик министерот за образование Петар Атанасов поднесе оставка

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Заменик министерот за образование и наука Петар Атансов во подолгото образложение на оставката до премиерот Зоран Заев наведува дека во изминативе десет месеци во Министерството ништо позначајно не се случувало.

„Промените во образованието кои ги навестувавме, не ги остваруваме. Зошто е ова вака, веројатно Вие најдобро знаете“, наведува Атаносв кој набројувајќи ги проектите, проблемите и прашањата на кои работел заклучува: „За жал, моите очекувања дека преку политичкиот ангажман во изминатите шест години ќе влијаам во насока на реално подобрување на состојбите во општеството, особено во образованието и несебичното вложување за таа цел, не се остварија.

Се чини дека иако декларативно сите говорат дека се залагаме да ги задржиме младите во државата, без вистинска реформа и поквалитетно образование, како и можност за поголем просперитет за младите, тоа нема да се случува“.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико