ЗАМП: Фестивалот „Скопје 2016“ може да се одржи, МРТ треба да постапи согласно законот
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Реакцијата на ЗАМП во врска со информацијата на МРТ дека ЗАМП го забранил одржувањето на „Скопје 2016“ ви ја пренесуваме во целост:
Не се точни тврдењата на МРТ дека поради одлуката за забрана од ЗАМП, МРТ не може да го одржи фестивалот на забавни мелодии „Скопје 2016“.
Согласно законот за авторското право и сродните права, ЗАМП колективно ги управува и ги застапува авторите САМО за објавени авторски дела. Колективното управување се остварува во случаите кога не е можно индивидуално остварување на правата, поради карактерот на авторските дела и поради начинот на нивното користење.
Колективното управување се остварува и за исклучиви права што се остваруваат индивидуално, доколку со договор тоа право му е пренесено на ЗАМП од авторот, односно носителот на правото.
Бидејќи на Скопскиот фестивал за прв пат ќе бидат објавени авторски дела, МРТ треба да постапи согласно законот и условите предвидени во јавниот конкурс, односно за секое прво објавување на авторско дело договорно да ги уреди односите со секој автор по однос на првото објавување. Доколку МРТ постапи согласно законот фестивалот „Скопје 2016“ може да се одржи.
Извор: ЗАМП