Запален автомобил со три јагленисани тела во шума во Хрватска
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Хрватската полиција пронашла запален автомобил, а во него три јагленисани тела, во шума во местото Хусаин, недалеку од Кутин, пренесуваат храватските медиуми.
„Тоа е прва информација, излеговме на терен. Се работи за три јагленисани тела“ потврдила полицијата за „Јутарњи лист“.
Автомобилот бил пронајден околу 9 часот утрото. Истрагата ја води сисачко жупаниското обвинителство.
Извор: Макфакс