Записник од средбата на граѓанските оддели на четирите апелациони судови во РМ | Правдико

Правдико

   

Записник од средбата на граѓанските оддели на четирите апелациони судови во РМ

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

На средбата беа поставени 9 прашања, од кои Апелациониот суд Битола,постави 5 прашања, Апелациониот суд Гостивар 1 прашање, Апелациониот суд, Скопје постави 2 прашања и Апелациониот суд Штип 1 прашање.

На средбата беа разгледувни следните правни прашања:

1.Дали прстпоставените наследници на починатото физичко лице кое е запишано во Имотен лист како сосопственик на недвижен имот, имаат пасивна легитимација во постапката за физичка делба на недвижниот имот или во постапката за уредување на меѓи, иако недвижниот имот во катастарската евиденција е запишан во сопственост на нивниот покоен правен претходник.

2. Дали во постапка за физичка делба на заеднички имот може да се оддели само реалниот дел на предлагачот или реалните делови на дел од сосопствениците, а останатиот дел да остане во сосопственост на останатите сопственици или при делбата мора да се одделат реалните делови на сите сосопственицн запишани во имотниот лист.

3. Дали може да се отфрли жалба поднесена од полномошник адвокат која не содржи податок за електронско сандаче за достава, во случај кога жалбата е поднесена против решение со кое била ртфрлена тужбата во фаза на претходно испитување на тужбата од исти причини, а по изјавената жалба не биле превземени дејствија од страна на првостепениот суд со достава на истата до спротивната страна.

4. Во Законот за вработените во јавниот сектор предвилено е дека работниот однос може да се трансформира од определено на неопределено работно време само за замена на отсутен работник ако по истекот на рокот од две години отсутниот работник не се врати на работа, па при ваква состојба дали може да се прифати дека институтот трансформација на работниот однос целосно е уреден со овој закон. Доколку не се прифати дека трансформацијата на работниот однос е целосно решено со Законот за вработените во јавниот сектор и треба да се примени Законот за работните односи, дали трансформацијата на работниот однос од определено на неопределено време во смисла на член 46 став 4 од ЗРО, треба да бидат обезбедени средства за неопределено работно време.

5. Во член 91 од Колективниот договор на Електрани на Македонија во државна сопственост предвидено е дека за денови поминати на годишен одмор работникот добива регрес за годишен одмор во висина на 1 просечно исплатена месечна плата во Републиката последните три месеци, а најдоцна до третиот квартал од годината. Како спорно се поставува прашањето кога стасува обврската за исплата на регрес за годишен одмор, дали на 01.10. наредната година за претходната година, дали на 01.07 наредната голина за претходната година или 01.01. наредната година за претходната година.

Целиот записник можете да го погледнете ТУКА

Препорачуваме

Партнери на Правдико