Правдико

   

Запленет брод со пет тони кокаин наменет за которски клан

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Повеќе од пет тони кокаин од бродот „Арес“ требало да бидат испорачани во Солун, од каде што членови на которски клан требало да го преземат, пишува „Дан“. Кокаинот го запленила холандската полиција.

Сè уште не е утврдено кому од двата которски клана му припаѓаат лицата што биле задолжени да ја преземат дрогата во Грција. Оваа пратка се поврзува со убиството на Игор Дедовиќ и Стеван Стаматовиќ, наведуваат грчките медиуми.

На бродот „Арес“ во Венецуела уапсени се четворица мажи од Котор. Нивното апсење е резултат на повеќемесечна меѓународна акција што ја иницирала црногорската полиција, додава „Дан“.

Според пишувањата на весникот, уште двајца црногорски државјани се осомничени за поврзаност со шверц на кокаин, а надлежните трагаат по нив.

Безбедносните служби дошле до оперативни сознанија дека во шверцот со кокаин учествувале уште црногорски државјани, но и државјани на Србија и БиХ.

Бродот Арес пловел под знамето на Камерун. Како што пишуваат шпанските медиуми, тој брод кон крајот на февруари испловил од Суринам, а потоа доаѓал во пристаништето Гуаранао во Венецуела. По тоа, се упатил кон солунското пристаниште.

Полицијата го пресретнала во меѓународните води, а за време на акцијата уапсени се седум лица, меѓу кои бил и капетанот на бродот. Полицијата првин пронашла еден тон кокаин, а потоа при претрес на бродот пронашла уште четири тони. На бродот се пронајдени и 50.000 таблети „екстази“.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико