Запленет тон албанска дрога во Италија | Правдико

Правдико

   

Запленет тон албанска дрога во Италија

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

droga ton albanijaИталијанските власти открија и запленија во понеделникот тон дрога, за којашто поседуваат докази дека илегално пристигнала по поморски пат од Албанија.

Албанските медиуми пишуваат дека дрогата со голем моторен чамец била пренесена од албанскто крајбрежје преку Јадранското Море во италјанското пристаниште Бриндизи.

Станува збор за марихуана, којашто била наманета за италијанскиот и за европскиот нарко пазар:

Албанската опозиција на адреса на власта упатува деновиве остри критики за масовното засадување марихуана и за шверцот со дрогите, при што обвинува дека во ваквите дејности директна вмешаност од страна владата на премеирот Еди Рама.

Пред неколку дена приватен италјанскиот авион се урна во близина на Јадранското Море, по што според истрагата со овој авион требало да се пренесе дрога за Италија.

Опозицијата вели дека шверцот со дрога со помош на приватни авиони кон Италија е вообичаена појава, но оти за неа знае и владата во Тирана. Од друга страна, пак, владата демантира вмешаност во производоството и шверцот со дроги, и истакнува дека секојдневно уништува стотици садници на марихуана.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико