Запленет уште 1,5 тон албанска дрога во Италија, оваа година запленети вкупно 32 тони
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Утрово во италијанскиот град Бари е запленета нова голема количина дрога која доаѓала од Албанија. Албанската телевизија „Топ чанел“, која се повикува на извори на италијанското МВР, информира дека е запленет 1,5 тон дрога во моторен чамец кој пловел од албанското крајбрежје, а италијанската полиција Гуардија ди финаса го блокирала во близина на Бари по потрага од цели два часа.
Покрај запленетата дрога канабис сатива, уапсени се и двајцата албански државјани кои управувале со моторниот чамец. Телевизијата наведува дека оваа година запленети се вкупно 32 тони дрога произведена во Албанија.
Во четвртокот италјанските власти запленија дури 10 тони марихуана, која исто така пристигнала во Италија од Албанија. Телевизија „Топ чанел“ информира дека, според статистичките податоци, од јануари досега се запленети 32 тони дрога произведена во Албанија од страна на италијанската полиција. Според истиот извор, оваа година видно се зголемени количините дрога што од Албанија се внесени по морски пат во Италија бидејќи минатата година за 12 месеци во Италија биле запленети 22 тони марихуана – канабис сатива.
К.М.
Извор: Макфакс