Запленета дрога при претрес во Кичево
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Полициската станица од Кичево поднесе кривична пријава против Р.В. (40) од Кичево поради неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори и недозволено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи.
На 17 минатиот месец, во 6.30 часот, со наредба на заменик-судија на претходна постапка од Основниот суд во Кичево извршен е претрес во неговиот дом, како и во неговото возило „ауди“. Полициските службеници пронашле бела прашеста материја со бруто-маса од 19,9 грама, сува растителна материја со бруто-маса од 1.169 грама, 3 куршуми, засега во непознат калибар, како и други предмети наменети за подготовка и користење опојни дроги. Пронајдените предмети се одземени и се испратени на вештачење во МВР Скопје.
Извор: Макфакс