Правдико

   

Запленети 43.800 евра на граничнот премин Табановце

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Царинските службеници на граничниот премин Табановце, утрово, во возило управувано од македонски државјанин, со кое патувале ушта двајца сопатници, заплениле 43.800 евра.

„На 23.март 2017 година околу 7:15 часот, на излез од Република Македонија на граничен премин Табановце се пријавило моторно возило со македонски регистарски таблици, управувано од македонски државјанин, со кој патувале уште двајца сопатници, еден македонски и еден турски државјанин. На прашањето од царинските службеници дали имаат нешто да пријават, само едниот сопатник – турскиот државјанин одговорил дека со себе носи 9.000 евра, а другите две лица одговориле дека немаат ништо за пријавување. При преглед на лицата и возилото, покрај уредно пријавените 9.000 евра, во предниот дел од возилото во термос за кафе царинските службеници пронајдоа 34.800 евра, а во кутија за шеќер сместена во фабричката преграда на десната врата уште 10.000 евра“, се вели во соопштението на Царинската управа.

Согласно законските прописи, на патникот му биле вратени 10.000 евра кои нерезидент (во случајов турски државјанин) може слободно да ги изнесе од Македонија, а останатите 43.800 евра за кои немало никаков документ за потекло привремено се задржани.

Царинската управа против сторителот започнала соодветна постапка.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико