Запленети 5 тони албанска дрога во Италија
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Италијанската полиција заплени 5 тони дрога што пристигнала од Албанија. Албанските медиуми, кои се повикуваат на извори во Италија, пренесуваат дека италијанската полиција уапсила 37 лица меѓу кои има и албански државјани.
Според првичните информации, дрогата во Италија е внесена по морски пат од Албанија и станува збор за марихуана.
Медиумите наведуваат дека во текот на денот ќе има дополнителни информации за големата акција на италијанската полиција.
КМ
Извор: Макфакс