Запленети 50 килограми дрога во неготинско, приведен дилер (ВИДЕО) | Правдико

Правдико

   

Запленети 50 килограми дрога во неготинско, приведен дилер (ВИДЕО)

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Во рамките на засилените мерки и активности на Министерството за внатрешни работи за сузбивање на нелегалната трговија со наркотици, полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога оружје и опасни материи – Единицата за недозволена трговија со дрога во координација со СВР Велес и ОВР Неготино, на 05.11.2020 на подрачје на с. Дуброво, неготинско, по претходно добиена судска наредба, извршија претрес на дом и други простории кај Е. Е.(29).

При претресот во помошни простории кои ги користел Е.Е. пронајдени се околу 50 килограми марихуана. Е.Е. е приведен, а по документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Препорачуваме

Партнери на Правдико