Запленети два тони кокаин во Италија | Правдико

Правдико

   

Запленети два тони кокаин во Италија

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Италијанската финансиска полиција објави дека запленила два тони кокаин на пристаниште во Џенова.

Од полицијата посочија дека вредноста на запленетата дрога се проценува на 500 милиони евра и дека таа од Колумбија требало да стигне во Шпанија.

„Ова е најважната заплена во последните 25 години“, посочија од полицијата и додадоа дека е постигнат успех во соработката со колумбиските, шпанските и со бртинаските власти.

Дрогата била откриена на 23 јануари, таа била спакувана во 60 кеси во контејнер на брод што тргнал од Колумбија. Бродот пред некој ден пристигнал во Џенова, а требало да продолжи во Барселона, каде што кокаинот би бил пуштен на пазарот.

Италијанската полиција вчера соопшти дека повеќе од 640 килограми кокаин, во вредност од 130 милиони евра, биле запленети на пристаниште во Ливорно.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико