Запленети непријавени девизи и парфеми на аеродромот „Александар Велики“
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.о текот на минатата недела, царинските службеници на аеродромот Александар Велики открија неколку обиди за криумчарење, при што привремено се девизи, парфеми и тоалетни води.
При контрола на багажот на македонски државјанин кој допатувал од Виена биле пронајдени неријавени 99.000 дански круни. Согласно законските прописи на патникот му биле вратени 75.000 дански круни, противвредност на 10.000 евра, износ што може слободно да се внесе во државата, а за сторениот прекршок е поведена прекршочна постапка.
Царинските службеници на аеродромот Александар Велики исто така при контрола на багаж на макеоднски државјанин кој допатувал од Париз откриле 62 парфеми и тоалетни води. Непријавените производи се привремено задржани, а против патникот е поведена прекршочна постапка.
Извор:Макфакс