Запленето 1.300 килограми марихуана на грчката граница
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Грчките власти соопштија дека заплениле 1.300 килограми марихуана, чија вредност на црниот пазар изнесува 33 милиони евра, во камион кој пристигнал од Албанија.
Откако цариниците најавиле контрола, возачот на камионот ја напуштил кабината и се вратил назад во Албанија, и на тој начин успеал да се спаси од апсење.
Од почетокот на годинава грчките цариници заплениле над 3.000 килограми марихуана од Албанија.
Извор: Нова Македонија