Запленето злато вредно девет милиони денари од автобус на Деве Баир
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Злато вредно девет милиони денари е запленето денеска на граничниот премин Деве Баир при царинска контрола на автобус пријавен за влез во Македонија од Турција.
„Околу 6 часот часот на ГП Деве Баир, за влез во државата се пријавил автобус марка ‘мерцедес’ управуван од лицето Т. Д. од Република Турција. При вршење на детална контрола од страна на царински службеници од Одделението за оперативни работи, над задните тркала од подвозјето, во модифицирана фабричка шуплина, наменета за криумчарење на стока, биле пронајдени 20 најлонски кеси со златен накит, со вкупна тежина од 2.773 грама, при што вкупната вредност на стоката и автобусот изнесува околу 9.000.000,00 денари или 146.341 евра“, соопшти Царинската управа.
Возачот е предаден на Одделението за истраги за понатамошна постапка.
Извор: Макфакс