Започна најголемото судење во историјата на Турција
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Во Турција денеска почна најголемиот судски процес во историјата на земјата на лица обвинети за вмешаност во неуспешниот државен удар од јули минатата година, чија цел беше соборување од власт на претседателот Реџеп Тајип Ердоган.
Во процесот се обвинети 270 луѓе, а во отсуство ќе му се суди и на наводниот иницијатор на пучот, исламскиот проповедник Фетулах Ѓулен. Меѓу обвинетите, од кои 152 се во притвор, се и поранешни високи воени претставници, како командантот на егејската армија, генерал мајорот Медмух Хакбилен.
Се претпоставува дека судскиот процес ќе трае околу два месеца, а осомничените можно е да бидат осудени на доживотен затвор, доколку биде докажана нивната вина.
Обезбедувањето на процесот е зајакнато, а во Измир е изградена посебна судница за да има доволно места за сите. Меѓу безбедносните мерки е и дрон кој ќе ја надлетува судницата, кучиња и командоси.
За време на вонредната состојба, што беше прогласена по неуспешниот воен удар во Турција, се уапсени околу 43.000 лица.
Извор: Нова Македонија