Започна полагањето на Правосудниот испит во електронска форма | Правдико

Правдико

   

Започна полагањето на Правосудниот испит во електронска форма

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

mala29Во центарот за полагање на  правосудниот испит -ASSECO сите кандидати пријавени за полагање на правосудниот испит за декемвриската испитна сесија  го полагаа испитот во електронска форма.

Електронскиот систем на полагање се одржува согласно новата процедура која ја предвидува  Законот за правосудниот испит.

Во оваа испитна сесија  се пријавени 107 кандидати поделени во 7 групи, кои денеска  го полагаа теоретскиот дел на испитот  од областа на работните односи ,  и во исто време се полага и студија на случај , каде што кандидатите  се среќаваат  со конкретни случаи .

Кандидатите  полагаат согласно прашања изработени од членовите на Комисиите надлежни за спроведување на испитот како и од Академијата за судии и јавни обвинители согласно Програмата изработена во рамките на Министерството за правда.

Целиот процес на полагање на правосудниот испит  се снима и истиот ќе бид објавен на Веб страната  на Министерството за правда.

Препорачуваме

Партнери на Правдико