Започна процесот за злосторствата во воениот затвор Лора | Правдико

Правдико

   

Започна процесот за злосторствата во воениот затвор Лора

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

hero-constitutional-law-and-politicsПо две одложувања и прелиминарно сослушување во окружниот суд во Сплит, вчера започна судскиот процес за случајот “Лора 2”. Петмина од обвинетите се теретат за воени злосторства извршени врз затворениците во воениот затвор Лора во 1992 година.

Подигнато е обвинение против поранешниот командант на Воено-истражниот Центар Томислав Дујич, Тончи Вркча кој во тоа време беше заменик-командант, како и воени офицери, во тоа време стражари, Анте Гудич, Анѓелко Ботич и Емилио Бунгура за злоставување на воените затвореници, од кои три починале.

Сите петмина се веќе осудени во постапката Лора, за која одговараа за воени злосторства врз цивили.

Судењето започна без првотужениот Дујич кој е во бегство, додека другите четири се изјасниле дека не се чувствуваат виновен и дека обвиненијата за кои се обвинети се неосновани.

Во обвинението се наведува дека во периодот од март до август 1992 година, ги злоставувале затворениците кои биле заробени како припадници на ЈНА и српските паравоени сили во вооружениот конфликт со хрватските воени единици.

Судењето започна со читање на обвинителниот акт, сослушување на двајца сведоци и воведен говор на бранителите, а ќе продолжи на 11 септември.

Судењето е јавно, а некои членови на здруженијата на ветераните и бранителите надвор од судот одржаа протест во кои тие сакаат да предупредат на она што тие го нарекуваат монтирано судење.

Препорачуваме

Партнери на Правдико