Започна судењето на гинекологот во Тетово за смртта на родилката која почина лани во август месец | Правдико

Правдико

   

Започна судењето на гинекологот во Тетово за смртта на родилката која почина лани во август месец

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

08042016094758_Суд ТетовоГлавната расправа по обвинителниот акт против гинекологот Казимир Копривњак, кој е обвинет за смртта на 33 годипшната родилка, Виолета Кировска започна вчера во Основниот суд во Тетово пренесува Нова Македонија.

Обвинетиот се произнесе дека не се чувствува виновен на почетокот на судскиот процес што против него тетовското обвинителство го покрена пред судот.

На вчерашното рочиште од главната расправа беа сослушани сведоците, вработениот, доктори и медицински сестри од гинеколошкото одделение при клиничката болница во Тетово, колеги на обвинетиот гинеколог кои присуствувале на двете операции кои биле извршени врз Виолета, која почина неколку дена подоцна на клиниките во Скопје.

Сведоците одговараа на прашањата на обвинителството за детали од двата зафати, прво царски рез за пораѓање на родилката како и хистероктомија односно отстранување на матката кај жената.

Адвокатот на обвинетиот не даде изјава за медиумите, додека застапникот на семејството на починатата родилка смета дека доказите во обвинителството се во насока на докажување на вина кај гинекологот.

Одреден број на сведоци беа сослушани, дадоа исказ и беа распитани на околности во врска со овој кривично правен настан.

-Ние сметаме дека јавното обвинителство располага со доволно цврсти докази со кои на крај ќе ја докаже вината на страна на обвинетот. Жално е што се работи за загуба на млад живот. Сметаме дека и правото и правдата ќе бидат задоволени на крајот од оваа постапка, изјави адвокатот Милан Ивановски.

Судењето продолжува на 14 април.

Партнери на Правдико