Правдико

   

Започнува судскиот процес Груевски- Заев

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Лидерот на опозицијата Зоран Заев во својство на тужен од премиерот Никола Груевски најави дека денеска ќе се појави во судница на првото рочиште во Скопскиот суд, пишува Радио слободна Европа.

13337mala

Груевски бара Заев да му плати половина милион евра за претрпената душевна болка, предизвикана од јавното обвинување дека при продажбата на Македонска банка посредувал и побарал 1,5 милиони евра во кеш од српскиот тајкун, газда Нини.

На тужбата на премиерот за душевна болка и претходеше кривична пријава од опозициската СДСМ со докази, аудио снимката и сметки на кои биле префрлани пари за Македонска банка. Оваа кривична пријава скопското обвинителство за организиран криминал ја има повеќе од два месеца, но засега се нема јавно изјаснето дали прифаќа истрага или ја отфрла.

Извор: Радио Слободна Европа

Партнери на Правдико