Запрен сајбер-нападот врз австриското Министерство за надворешни работи
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.По два и пол месеци австриското Министерство за надворешни работи успеа да го запре сајбер-нападот врз своите ИТ-системи.
„По интензивна работа и одлична соработка на повеќе ресори успеавме да ги исчистиме нашите ИТ-системи и да го запреме сајбер-нападот врз Министерството“, рече министерот за надворешни работи Александер Шаленберг.
Тој истакна дека е обезбедена сигурност на податоците на Министерството и дека не е направена никаква штета на ИТ-уредите.
Додека сајбер-нападот е завршен, истрагата сè уште трае, а познато е дека нападот бил со намера да се соберат податоци.
Врз основа на големината и сложеноста на нападот, не може со сигурност да се каже кој стои зад тоа, се вели во соопштението.
„Шпионажата е сериозно злосторство и затоа не сакаме да обвиниме некого толку лесно“, рече Шаленберг.
Извор: Макфакс