Запрена истрагата за НЛБ за перење пари
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Директорите на НЛБ банка, Ѓорѓи Јанчевски и Љубе Рајевски, ексминистерот за животна средина, Томе Тромбев, и поранешниот градоначаник на Битола, Владимир Талески, нема да одговараат за перење пари. Обвинителството за организиран криминал ја запре истрагата. Кривичната пријава ја поднесе МВР, поточно Одделот за сузбивање организиран и сериозен криминал од Секторот за криминалистички истраги.
Предметот беше отворен во 2017 година против 8 лица, а првично го водеше обвининителката Лидија Раичевиќ. Бидејќи не беше реизбрана, истрагата ја водеше новоизбраната обвинителка Ивана Трајчева.
Како што соопшти Обвинителството, надлежниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција по спроведена сеопсежна истрага донел наредба за запирање на истражната постапка против осум македонски државјани.
Лицата беа осомничени дека сториле кривично дело злоупотреба на службената положба и овластувањето, а четворица од нив беа осомничени и за кривичното дело перење пари и други приноси од казниво дело.
„Надлежниот обвинител врз основа на член 288, став 1 од Законот за кривичната постапка донесе решение за отфрлање на кривичната пријава против две правни лица осомничени за перење пари и други приноси од казниво дело од чл. 273, ст. 12, во врска со ст. 1 од Кривичниот законик“, пишува во соопштението.
Извор: Макфакс