Засега нема воведување на ПЦР-тестови за граѓаните што транзитираат низ Македонија
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Засега нема одлука за воведување ПЦР-тестови за граѓаните што транзитираат низ Македонија.
На денешниот состанок на Комисијата за заразни болести беше разгледана информацијата за воведување тестови при транзит на граѓаните од ризичните земји.
Од Комисијата велат дека ќе продолжат будно да ја следат ситуацијата и доколку се утврди дека има потреба, не се исклучени дополнителни мерки.
Со постојните мерки граѓаните што транзитираат низ земјава потпишуваат изјава дека за 3 часа ќе ја напуштат земјата и не претставуваат опасност за ширење на коронавирусот во нашата земја.
Темата со ПЦР-тестовите беше начната на состанокот по веста за авионот што изминатата сабота летал од Скопје за Финска со 24 патници, кои биле позитивни на ковид-19. Повеќето од патниците, односно 95 лица што патувале од Скопје до Финска, биле косовски државјани и лица што имале фински документи, а само двајца летале со македонски пасош.
Извор: Макфакс