Правдико

   

Заштита на правата од индустриска сопственост во парнична постапка

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

ipЛице чиешто право од индустриска сопственост е повредено има право на заштита на правото со поднесувањетужба пред судот кој е надлежен за решавање на споровите заправата од индустриска сопственост. Во прв степен, надлежни се основните судови со проширена надлежност. Тужба за остварување заштита на може да поднесе:

1) подносителот на пријавата за заштита на правото од индустриска сопственост;

2) носителот на правото од индустриска сопственост;

3) стекнувачот на исклучителна лиценца, во обем во кој го стекнал правото на користење врз основа на правна работа или закон;

4) овластениот корисник на географската ознака, односно ознаката на потеклото на производот; и 5) овластениот корисник на колективна и сертификатна трговска марка.

Кога некое право од индустриска сопственост е повредено секој од носителите на тоа право може во однос на трето лице да побара заштита на правото како да е единствен носител. Кога лицето што го повредило правото ги исполни барањата на еден од носителите на истото право, неговата обврска престанува и
спрема другите носители на правото. Доколку се работи за судска постапка која е во тек, носителите на истото право се сметаат за единствени сопарничари.
Лицето чиешто право е повредено со тужба може од судот да бара:

1) утврдување дека постои повреда на правото;

2)  забрана на дејствијата наведени во тужбата со кои се повредува правото;

3) надоместок на штета која настанала со повредата на правата со намера или од невнимание;

4) одземање и уништување на производите кои се создадени или ставени во промет со повреда на правото и средствата употребени за нивно производство;

5) тужениот да даде информации за идентитетот на трети лица вклучени во производство и дистрибуција на стоки или услуги со кои се повредуваат правата, како и за нивните дистрибуциски канали;

6)  доставување на документацијата и податоците од лицето кое го повредило правото;

7) граѓанска казна;

8) објавување на пресудата на трошок на тужениот и

9) други барања.

Тужба за повреда на правата од индустриска сопственост може да се поднесе во рок од три години од денот кога тужителот дознал за повредата и за  сторителот, а најдоцна во рок од пет години од денот на сторената повреда. Постапката по  тужбата за повреда на правата, оспорување на правата, привремени мерки и други мерки на обезбедување е итна.

Постапката поради повреда на правото од пријавен патент,  индустриски дизајн, трговска марка и користење на географска ознака, односно ознака на потеклото на производот, судот може да ја прекине до донесувањето на решение за признавање на соодветното право од Заводот. Со тужбата која се однесува на повреда на правото од патент, тужителот е должен да достави соодветен писмен доказ за т.н. потполно испитување наусловите за патентибилност на пронајдокот. Судот може да го определи рокот во кој тужителот треба да го достави доказот за т.н. потполно испитување.

Ако доказот за т.н. потполно испитување не биде поднесен во рокот којшто го определил судот, тужбата ќе се отфрли.  Застапниците за индустриска  сопственост не можат да бидат застапници на странките во парничната постапка за заштита на правата од индустриска сопственост од повреда.  Оттаму, се применуваат општите правила за застапување на странките уредени со Законот за парничната постапка. Според општите правила, странките можат да преземаат дејствија во постапката лично или преку полномошници, но судот може да ја повика странката која има полномошник пред судот лично да се изјасни за фактите што треба да се утврдат во парницата. И покрај ова, странката што ја застапува полномошник може пред суд и да дава изјави и покрај својот полномошник.

Извор: http://www.ippo.gov.mk

Партнери на Правдико