Заштита на правата од индустриска сопственост во постапка за обезбедување | Правдико

Правдико

   

Заштита на правата од индустриска сопственост во постапка за обезбедување

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

За разлика од парничната постапка за заштита на правата од индустриска сопственост од повреда, во постапката за обезбедување се овозможува т.н. провизорна заштита на правата. Оваа провизорна заштита на правата од индустриска сопственост, во принцип, се постигнува преку изрекувањето тн.  привремени мерки. Привремена мерка може да се дозволи пред поведувањето и во текот на судска или управна постапка.

Во случај кога не е поведена парнична или друга судска постапка,  за одлучување по предлог за обезбедување со привремена мерка и за спроведување на привремена мерка, месно надлежен е судот што би одлучувал во парничната или друга судска постапка. Ако е поведена постапка по предлог за обезбедување со привремена мерка и за спроведување на таа привремена мерка, месно надлежен е судот пред кој е поведена постапка.

Лица овластени за поднесување предлог за изрекување привремена мерка се истите лица што се овластени да поднесат тужба за повреда на правата од индустриска сопственост. Судот ќе изрече привремена мерка доколку овластеното лице достави докази со кои ќе стори веројатно дека неговото право е повредено или ќе биде повредено. Со изречената мерка може:  да се забранат сите дејства на повреда и нивно продолжување; да се запленат, исклучат од промет и соочуваат примероци,  средства, опрема и документи во врска со нив; и да се донесат други слични мерки.

Привремената мерка може да се изрече и без известување на можниот сторител на повредата ако предлагачот на гаранцијата стори веројатно дека друга  привремена мерка нема да даде ефект или постои опасност од настанување на ненадоместлива штета.  На барање на тужителот, доколку тој достави докази со кои ќе стори веројатно дека неговото право е повредено или ќе биде повредено при извршувањето на стопанската дејност, сè со цел за прибавување економска корист и со таквата повреда може да настане ненадоместлива штета, споменатите привремени мерки, судот може да определи како гаранција одземање на движен и недвижен имот во сопственост на тужениот кој имот не е во непосредна врска со повредата, како и забрана за располагање со средства на сметки кај финанските институции и располагањесо друг имот.

Заради одредување и спроведување на овие мерки, судот може да бара од можниот сторител на повредата или од други лица кои со тоа располагаат, доставување на економски податоци или пристап кон други потребни податоци и документи. Судот е надлежен да го обезбеди чувањето на тајноста на овие податоци, како и да забрани нивна злоупотреба.

И во овие случаи, привремената мерка може да се изрече и без известување на можниот сторител на повредата ако предлагачот на гаранцијата докаже дека во спротивно привремената мерка нема да има ефект или дека е тоа неопходно со оглед дека се работи за особено тешки околности на повредата.  Во решението за времена мерка судот ќе определи и траење на таа мерка. Доколку мерката е определена пред поднесувањето на тужба, рокот во кој предлагачот на гаранцијата мора да поднесе тужба заради докажување на оправданоста на тие мерки не може да биде подолг од 20 дена од денот на доставувањето на решението на предлагачот.

Извор : http://www.ippo.gov.mk

Препорачуваме

Партнери на Правдико