Заштитениот сведок како инструмент во македонскиот правен систем
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Публикацијата „Заштитениот сведок како инструмент во македонскиот правен систем“, е резулттат на шестмесечно истражување, мониторинг на судски постапки и анализа на решенија, одлуки, обвиненија и пресуди, во случаи каде што се појавуваат заштитени или загрозени сведоци, или лица со прикриен идентитет.
Случаи, за кои обвинителот предложил, а судот прифатил, да се сослушаат на друг начин, со заштита на нивниот идентитетот, согласно Законот за Кривична постапка и Законот за заштита на сведоци. Законот за заштита на сведоци (Сл.весник на РМ бр. 38/2005) во Република Македонија стапи на сила од јануари 2006 година. Со него се овозможи заштита на сведоци, кои поради опасноста што им се заканува по нивниот живот, здравје, личната или безбедноста на семејството, може да бидат сослушани на посебен начин, со определување на статус на заштитен или загрозен сведок, со доделување на псевдоним, кои исказот ќе го дадат со помош на аудио-визуелни средства, со прикриен лик и изменет глас.
Целото издание можете да го превземете ТУКА